10-годишно момче е сериозно повредено во нападите врз Израел, соопшти итната медицинска служба во јужниот дистрикт на Израел.
Детето е рането од шрапнел создаден при пресретнување на ирански проектил од израелската одбрана. Инцидентот се случил во бедуинска населба во близина на градот Арад во јужен Израел. Момчето е во серипзна состојба и е префрлено во болница во блискиот град Беершиба.
Нема информации за други повредени.











