Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД и Велика Британија нападнаа цели на Хутите во Јемен

/

пред 972 дена

Сподели преку :

Хутите нападнаа американски танкер во Аденскиот залив утринава, додека САД и Велика Британија во текот на ноќта извршија напади врз нив во главниот град на Јемен.

Групата погодила танкер со нафта со неколку бродски проектили. Воениот потпарол на Хутите истакна дека ќе се соочат со сите напади на САД и Велика Британија. Тој потврди дека ќе застанат во одбрана на нивната земја,народ и нација.

 „Поморските сили на јеменските вооружени сили, со помош на семоќниот бог, извршија квалитативна воена операција во која цел беше американскиот нафтен брод  „МВ Торм Тор“ во Аденскиот залив со голем број соодветни поморски ракети, додека воздухопловните сили таргетираа голем број американски воени бродови во Црвеното Море со голем број беспилотни летала .Јеменските вооружени сили потврдуваат дека ќе се соочат со американско-британската ескалација со поквалитативни воени операции против сите непријателски цели во Црвеното и Арапското Море во одбрана на нашата земја, нашиот народ и нашата нација” – вели Јахја Сари, воен потпарол на Хутите.

Сад и Велика Британија во текот на ноќта извршиле напад врз 18 локации на Хутите.

Овие напади се одговор на неодамнешните зголемени напади на групата подржана од Иран врз бродови во Црвеното море и Аденскиот залив. Воедно, беа возврат и на ракетен напад минатата недела кој предизвика пожар на товарен брод.

Американската и британската војска по четврти пат спроведуваат комбинирана операција против Хутите од 12 јануари. САД речиси секојдневно напага локации на хутите. Американскиот претседател Џозеф Бајден, предупредува дека нема да толерираат напади на Хутите врз нивните комерцијални бродови.

Хутите од 19 ноември нападнаа најмалку 57 трговски и воени бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив, а во последните денови нападите зачестија, потсетува Еј-Би-Си Њуз.

Марија Коцева