Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД ја осуди Северна Кореја за нападите во Јапонското Море

/

пред 912 дена

Сподели преку :

САД  остро го осуди потегот на Северна Кореја за нападите во Јапонското Море. Тие ја прекоруваат серијата на балистички ракети од страна на Северна Кореја, како и нарушувањето на многубројните резолуции на Советот за безбедност на ОН, соопшто Метју Милер, портпарол на Стејт департментот.

Тој истакна дека провокациите на Пјонгјанг ќе бидат осудени во текот на посетата на државниот секретар Ентони Блинкен на Пекинг.

,,Зборуваме за неодамнешното лансирање балистички ракети од страна на Северна Кореја. Сите останати напади со балистички ракети од изминатите години ги нарушуваат многубројните резолуции на Советот за безбедност на ОН.”, изјави Милер.

Тој додаде дека тие претставуваат закана за регионалниот и меѓународниот мир и безбедноста. Прашањето ќе биде на дневен ред кога државниот секретар ќе отпатува за Пекинг оваа недела.

Во пресрет на посетата на Блинкен во Кина тој изјави дека шефот на американската дипломатија ќе ја разгледа заканувачката реторика, но и несовесните  дејствија на Северна Кореја.

Северна Кореја лансираше балистичка ракета кон Јапонското Море