Билборд се урна за време на силно невреме кое го зафати западниот индиски град Мумбаи, при што загинаа најмалку 14, а повредени се 74 лица, известуваат тамошните власти.
Спасувачката операција е сѐ уште во тек, а уште не се пронајдени исчезнатите лица за кои се смета дека се под урнатините на срушениот билборд.
Дождот, пропратен со силни ветрови, предизвика билбордот со висина од 30 метри да се сруши Најмалку 47 луѓе беа веднаш спасени од страна на локалните противпожарни единици. Полицијата започна да работи на случајот, а од досегашните соопштенија е потврдено дека е незаконски поставен.
Индија во периодот се соочува со обилни врнежи од дожд и силни поплави, кои ја одбележуваат сезоната на монсуни кои се забележливи секоја година помеѓу јуни и септември.











