Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сеул го осуди провокацискиот потег со балони на Северна Кореја

/

пред 871 дена

Сподели преку :

Претседателскиот совет за национална безбедност на Јужна Кореја, денеска одлучи да го суспендира воениот договор од 2018 година со Пјонгјанг, додека не се врати меѓусебната доверба, како одговор на масовното праќање балони со отпад од страна на Северна во Јужна Кореја.

На состанокот, на кој беше оценета неодамнешната серија провокации од Северна Кореја, Советот одлучи да предложи суспензија на Сеопфатниот воен договор на седницата на владата закажана за вторник, пренесува Јонхап.

Според предложеното, суспензијата на воениот договор ќе трае до обновувањето на меѓусебната доверба на државите на Корејскиот Полуостров. Со оваа мерка ќе се овозможи воена обука во близина на воената демаркациона линија и ќе се овозможат поадекватни и непосредни одговори на севернокорејските провокации.

„Владата ќе ги преземе сите неопходни мерки за заштита на животот и безбедноста на нашите граѓан“, се наведува во соопштението на претседателскиот кабинет.

Северна Кореја од четвртокот испрати речиси 1.000 балони со смет во Јужна Кореја во, како што нагласи Северна Кореја, претставува кампања против јужнокорејските активисти кои испраќаат балони со пропаганден материјал кои ги критикуваат севернокорејските власти. Во спроведената акцијата немало човечки жртви, но падот на некои балони предизвикал материјална штета, според тамошните власти.