Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Силен земјотрес ги погоди Филипини, издадено предупредување за цунами

/

пред 371 дена

Сподели преку :

Земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала го погоди морскиот дел во близина на јужната филипинска провинција Давао Ориентал. Земјотресот предизвика паника меѓу населението, прекини во напојувањето со струја и евакуација на крајбрежните села поради можност од цунами. Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Џуниор соопшти дека е започната проценка на потенцијалната штета, а спасувачки тимови и хуманитарни служби се подготвуваат да бидат испратени кога ќе се создадат безбедни услови. Според Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија, земјотресот бил на длабочина од само 10 километри, што го прави особено опасен и се очекуваат дополнителни потреси. Во градот Давао, со над 5,4 милиони жители, учениците беа евакуирани од училиштата, иако епицентарот се наоѓал на околу 250 километри оддалеченост. Филипините, кои се наоѓаат на Пацифичкиот „Огнен прстен“, често се погодени од силни земјотреси, вулкански ерупции и тропски бури, што го прави управувањето со катастрофи постојана потреба за властите.