Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Советот за безбедност на ОН денеска треба да расправа за израелските напади врз Иран

/

пред 723 дена

Сподели преку :

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска треба да се состане за да дискутира за нападот на Израел врз Иран, пренесува Тајмс оф Израел.

Седницата ја повика Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи. Тој ги опиша нападите како „криминални“ и „тешка закана“ за мирот во регионот.

Дипломати наведуваат дека Советот најверојатно ќе ја разгледа ситуацијата во текот на состанокот. Во одговор на жалбата на Иран, израелскиот амбасадор во ОН, Дени Данон, ја отфрли критиката, нагласувајќи дека Иран се обидува да го дискредитира Израел на дипломатската сцена.

„Имаме право и должност да се браниме и ќе ги искористиме сите средства што ни се на располагање за да ги заштитиме граѓаните на Израел“, изјави тој. Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Техеран не бара војна со Израел, но е подготвен да даде „соодветен одговор“ на израелските напади оваа недела врз иранските воени локации.