Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп го повика Путин да се согласи на договор со Украина

/

пред 633 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп го повика рускиот претседател Владимир Путин да се согласи на договор со Украина. Трамп рече дека Путин ја уништува Русија со неподготвеноста да постигне договор.

Путин претходно му честиташе на Трамп за неговата инаугурација и рече дека Москва сака „траен мир“ со Киев. Доналд Трамп рече дека ќе се сретне со Путин, но дека се уште не е одреден датум за средбата. Претседателот на САД исто така вети дека ќе стави крај на војната меѓу Русија и Украина што е можно побрзо.

Во исто време Трамп изрази мислење дека може да дојде до катастрофа за Русија доколку одбие да преговара и не се договори за прекин на огнот или мир со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Новиот американски претседател нагласи дека украинскиот претседател Зеленски сака договор.