Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трамп и неговите американски олигарси се приклучија на Путин и неговите, обвини сенаторот Берни Сандерс и вели дека Трамп ги крати парите за сиромашните и работничката класа во САД

/

пред 606 дена

Сподели преку :

Американскиот сенатор Берни Сандерс го обвини претседателот Доналд Трамп и неговите сојузници дека се ставаат на страната на рускиот претседател Владимир Путин, предупредувајќи дека таквиот сојуз претставува закана за демократските вредности и меѓународните сојузи.

„Трамп и неговите американски олигарси сега отворено се приклучуваат на Путин и неговите руски олигарси“, напиша Сандерс на платформата Икс. „Овој сојуз значи напуштање на нашите сојузници, поддршка за авторитаризмот и поткопување на нашата демократска традиција.“

Сандерс го обвини Трамп дека „застана на страната на еден од најбруталните светски диктатори, ја загрози независноста на Украина и ги напушти европските сојузници со децениска традиција“.

Дополнително, сенаторот од Вермонт кој лани на избори го доби  4-тиот шестгодишен мандат во Сенатот на САД во интервју за CNN посочи дека кратењето на средствата од социјалните и здравствените фондови како Медикејд најмногу ќе влијае на животот и здравствените услуги на сиромашните американци и работничката класа во САД.

Преку тие скратени суми ќе се дадат нови даночни олеснувања за најбогатите кои дополнително ќе се збогатат, предупредува Сандерс.