Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уапсен уште еден тинејџер кој планирал напад на концертот на Тејлор Свифт, македонската полиција истражува за организаторот на нападот кој е по потекло од државата

/

пред 803 дена

Сподели преку :

Австриската полиција уапси уште едно момче на 18 годишна возраст осомничено дека учествувало во планирањето терористички напад на еден од концертите на Тејлор Свифт во Виена, пренесуваат австриските медиуми.

За сега не се открива неговиот идентитет. Познат е само идентитетот на главниот осомничен. Она што се знае од истрагата е дека последниот во низата уапсени лица осомничени за планирање терористички напади бил  запознат со плановите на уапсениот 19-годишен Беран А. од Терниц во Долна Австрија.

Уапсениот 19-годишник, чии родители се по потекло од Македонија, дал отказ на работа на 25 јули со зборовите: „Имам големи планови за иднината“.

Како што беше и претходно објавено тој веќе бил радикализиран, а властите открија и дека терористите имале конкретен план за нападот.

Уапсени се и 17-годишник и 15-годишник. Едниот од нив веќе им бил познат на безбедносните служби. Пред неколку дена се вработил во компанија која на концертот требало да дава услуги, како што се снабдување со храна и пијалоци.

Според неговиот адвокат, тој нема никаква врска со тероризам или планирање напади. Наводно станува збор за тинејџер со хрватско-турско потекло. Осомничен е и петнаесетгодишен Австриец со турско потекло.

Австриските медиуми ги нарекоа младите осомничени- „тик-ток терористи“ бидејќи организаторот Беран А. и неговите следбеници се радикализирале преку социјалните мрежи каде гледале содржини за насилен екстремизам и за подготовка на експлозивни средства.

Австриските власти ја известија и полицијата во Македонија за идентитетот на уапсениот 19-годишник. Од МВР велат дека истражуваат и не може да споделат детали. Се проверува дали доаѓал во Македонија и дали имал сомнителни контакти и комуникации со луѓе од државата. Според првичните податоци, уапсениот Беран А. не бил познат на надлежните тајни служби во Македонија по сомнителни активности.

Тинејџер со потекло од Македонија подготвувал терористички напад на концерт на Тејлор Свифт во Виена