Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Убиен Саиф ал-Ислам Гадафи, син на Моамер Гадафи

/

пред 243 дена

Сподели преку :

Почина Саиф ал-Ислам Гадафи, еден од синовите на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, објави неговото семејство синоќа без да даде дополнителни детали. Во исто време, неговиот политички кабинет соопшти дека Саиф ал-Ислам Гадафи е убиен.

Саиф ал-Ислам е убиен во „предавнички и кукавички“ чин, во кој четворица маскирани мажи упаднале во неговата резиденција во западниот либиски град Зинтан, соопшти кабинетот.

Неговиот адвокат Халед ал-Заиди потврди за ДПА дека врз Саиф ал-Ислам Гадафи бил „извршен атентат во неговиот дом“.

„Ал-Арабија“ јави дека 53-годишниот Гадафи бил застрелан во градината на неговата резиденција во Зинтан, повикувајќи се на извори блиски до семејството Гадафи.

Постоеја шпекулации дека милиции блиски до владата на премиерот Абдул Хамид Дбеибе со седиште во Триполи би можеле да стојат зад убиството. Милиција поврзана со министерството за одбрана во Триполи ги отфрли обвинувањата како лажни, негирајќи каква било вмешаност.

Се вели дека Саиф ал-Ислам Гадафи се подготвувал за враќање во политичкиот живот, потег што можеше да претставува предизвик за Дбеибе и неговите сојузници.