Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

УНИЦЕФ: „Детството не може да опстане“во градот Газа

/

пред 401 дена

Сподели преку :

„Детството не може да опстане“ во градот Газа додека Израел се подготвува да го преземе најголемиот град во Појасот како дел од војната против палестинското исламистичко движење Хамас, предупреди детскиот фонд на Обединетите нации – УНИЦЕФ .

– Светот предупредува на катастрофа за речиси еден милион луѓе кои се уште се наоѓаат во град Газа, доколку се интензивира воената офанзива, изјави портпаролката на УНИЦЕФ, Тес Инграм.

Израелската армија во моментов се подготвува за влез во градот, а илјадници резервисти беа мобилизирани во вторникот.

– Незамисливото не се подготвувува допрва – тоа веќе е тука. Ескалацијата е во тек, нагласи Инграм, опишувајќи го страдањето на цивилите во последните девет дена.

Според неа, „недохранетоста и гладот ги ослабуваат децата, раселувањето им го одзема домот и грижата, а бомбардирањата го загрозуваат секое нивно движење“.

Таа побара и Хамас да ги ослободи сите заложници.