Холандската полиција синоќа приведе над 100 пропалестински демонстранти во Амстердам, кои протестираа и покрај тоа што во земјата на сила е забрана за протест. Во центарот на Амстердам демонстрантите скандираа „Слободна Палестина“ и „Амстердам вели не на геноцидот“, алудирајќи на војната во Појасот Газа.
Полицијата почнала да ги приведува демонстрантите откако тие одбиле да го напуштат плоштадот. Во Амстердам на сила е забрана за протести по минатонеделните судири кои се случија по гостувањето на фудбалскиот клуб Макаби.











