Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во иднина до два литра во авион – ЕУ го укинува ограничувањето за течности до 100 милилитри во рачниот багаж

/

пред 445 дена

Сподели преку :

Европската Унија го укина ограничувањето за носење на 100 милилитри течност, аеросол и гелови во рачните багажи за летови кои поаѓаат од аеродроми во блокот.

Аеродромите, со инсталирана неопходна опрема, наскоро ќе им дозволуваат на патниците да носат течности, аеросоли и гелови до два литра.

Одлуката е донесена по ресертификација на опремата за проверка на британската компанија „Смитс Детекшн“ (Smiths Detection) која беше под лупа од 2024 година поради загриженост во врска со перформансите на технологијата.

Ограничувања за носење на течности на летовите се воведени во 2001 година, по терористичките напади врз Светскиот трговски центар во Њујорк.