Неексплодирана експлозивна направа била пронајдена вчера во северниот дел на Митровица, соопшти денеска косовската полиција.
Всушност, оваа експлозивна направа ја пронашла малолетно женско лице, кое рано попладнето пријавило во полиција. Пристигнувајќи на местото на настанот било утврдено дека се работи за рачна бомба М-57.
Направата е безбедно отстранета од единиците за деминирање, известија од КП.











