Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Војна со царини: Трамп потпиша 25% царини за Канада и Мексико, ги зголеми за Кина, а најавува и за Европа- погодените земји вратија со контраудар

/

пред 624 дена

Сподели преку :

Претседателот на САД Доналд Трамп откако прво беше прогласена кризна состојба на национално ниво воведе царина од 25% за првите соседи Канада и Мексико. Со истата одлука, Трамп ги зголеми царините за Кина за дополнителни 10%. Увозот на енергија и енергенси од Канада ќе биде оцаринет со помала стапка односно со 10%.

За да ја презееме одговорноста и надлежноста за царините, Трамп прогласи кризна сосотојба во економијата на национално ниво и посочи дека мерката треба да ја подобри американската економија, но и да ја сопре нелегалната емиграција и растот на нарко-картелите.

-Предизвикот им се закануваше на фабриките во нашето општество. Членови на бандите, шверцерите, криумчарите на луѓе и на забранети дроги од сите видови ги пробиваа нашите граници и навлегуваа во нашите заедници. Канада имаше централна улога во овој предизвик вклучително и неуспех во ангажирање на дополнително внимание и ресурси или во значајна координација со американските партнерски агенциии за спроведување на законот со што ефективно го зголемија напливот на нелегални дроги, стои во извршната наредба на Трамп.

Мексико и Канада веднаш возвратија со иста реципрочна мерка. Канадскиот премиер Џастин Трудо најави воведување на контрамерки од 25% царина на сите американски производи кои сега се извезуваат во Канада.

-Објавувам дека Канада ќе одговори на американската трговска акција со царини од 25% на американски производи во вредност од 155 милијарди долари. Ова вклучува непосредни и итни царини на стоки во вредност од 30 милијарди долари од вторникот додека остатокот од американскиот увоз во вредност 125 милијарди долари ќе се соочи со дополнителни царини во рок од 21 ден за да се озвозможи време на канадските компании и снабдувачки синџири да бараат алтернатива за американските производи, изјави на прес конференција Трудо.

Американскиот извоз во Канада се состои од американски алкохол, производи од тутун, облека, чевли, апарати за домаќинство, мебел, материјали како што се граѓа за градежништво и „многу повеќе“ беше посочено од Трудо.

Мексиканската претседателка Клаудиа Шеинбаум наведе дека кога „Мексико преговара со други држави секогаш го прави тоа со високо крената глава, а не со спуштање на главата“. Таа наведе дека побарала од Министерството за економија на Мексико да почне со имплементација на планот Б кој вклчува царински и нецарински мерки за заштита на мексиканските интереси.

Кина пак соопшти дека за потегот на Трамп ќе ја извести Светската трговска организација преку која се потпишани договори и се спроведуваат договорите за трговија.

Трамп ги ветуваше царините уште во кампањата иако беше предупредуван дека покачувањето ќе влијае и на зголемување на цените на внатрешниот пазар во САД.

Во своите обраќања, новиот американски претседател наведе дека „апсолутно размислува и за воведување на царини за Европската Унија“.