Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вулкан еруптираше во близина на градот Рејкјавик

/

пред 876 дена

Сподели преку :

Исландскиот вулкан по петти пат еруптираше оваа година на полуостровот Рејкјанес, кој е населен со над  30.000 луѓе, јужно од главниот град Рејкјавик.

Ерупцијата започна во раните попладневни часови по серијата земјотреси северно од Гриндавик, кој се смета за рибарски град со 3.800 жители, а луѓето на полуостровот за брзо време беа евакуирани.

Термалната бања „Сината лагуна“, која е позната кај туристите, исто така беше евакуирана. Линиите на летовите  до и од аеродромот Кефлавик во Рејкјавик се според летачкиот распоред , но патниците се охрабруваат да ги пратат дополнително информациите кои секојдневно се објавуваат за распоредот на летови.