Денеска 400 милиони граѓани од 27 земјите членки на Европската Унија ќе имаат можност да застанат пред гласачките кутии и да одлучат за иднината на Европскиот совет. Започнатото гласање е предвидено да трае до деветти јуни.
Бројните проблеми како што се покачување на трошоците за живот, протестите на земјоделците, до војните во Украина и Газа ја охрабруваат десничарската партија да се надева на постигнување на поддршка од граѓаните за која се надеваат ќе кулминира со постигнување на значителен резултат.
Лидерот на холандската Крајно-десиначарска партија за слобода, денес го даде својот глас во Хаг и посочи дека промените во Европа доаѓаат од Европскиот Совет и тоа е еден од начините да се влијае во промената на сите европските регулации.
„Ако сакате да ја промените политиката за азил, го имате и влијанието на Европската унија со сите насоки на кои сме обврзани. Ако сакате да го промените тоа, треба да имате силно присуство во Европскиот парламент. Затоа бидете сигурни дека, доколку е потребно, ќе можеме да ги промениме европските насоки за да бидеме одговорни за нашата сопствена политика за имиграција и политика за азил“, изјави Герт Вилдерс, лидер на холандска крајнодесничарска Партија за слобода.
Во моменталниот европски состав најмногу пратеници има Европската Народна Партија, по неа се Социјалдемократите, проследени со Либералите и партијата Европска обнова.
Досегашните анкети предвидуваат голема излезност, а се прогнозира процентот на гласачи да се искачи над 75 отсто.
Претседателка на Европската комисија, Урсула Фон дер Лаен според медиумите повторно сака да се кандидира за ова позиција, а за да стаса до уште еден мандат и се потребни гласачите од либералите, социјалистите и демократите.
Резултатите од изборите ќе бидат објавени во недела, откако сите земји-членки ќе завршат со гласањето. Овие изборите се сметаат за втора најголема демократска вежба во светот зад изборите во Индија. Освен за границите во Европа, се советува и за важни светски прашања како што се глобалните климатски политики и одбраната, како и миграцијата и геополитичките односи со Кина и САД.
Теа Димковска











