Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски со повик до западните партнери да преземат мерки против руските дронови

/

пред 443 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните партнери да преземат построги мерки против продажбата на забранети електронски компоненти за борбени дронови и ракети на Русија, објави ДПА, повикувајќи се на неговото вечерно видео обраќање.

Зеленски рече дека разговарал со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ во Киев, покажувајќи им делови од соборени руски борбени дронови и ракети.

-Ниедна од овие ракети или дронови Шахед не можеше да се создаде без компоненти од други земји добиени во Русија преку разни шеми за снабдување, рече украинскиот претседател. „Секоја таква шема за снабдување мора да биде блокирана и тоа зависи од нашите партнери“, додаде тој.

Украинските специјалисти неодамна пронајдоа многу електронски компоненти од Кина во руски борбени дронови произведени во Иран.

Пекинг не учествува во технолошки санкции против својот сојузник Москва, забележува ДПА. Сепак, компоненти од европски земји или САД се наоѓаат и во многу руско оружје, иако нивниот извоз во Русија е забранет.