Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски во Брисел ќе потпише билатерален договор за безбедност

/

пред 877 дена

Сподели преку :

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски денеска во Брисел ќе потпише билатерален безбедносен договор со белгискиот премиер, Александре де Кроа, соопшти синоќа белгиската влада.

Белгија ќе се обврзе да ја вооружи Украина со 30 борбени авиони Ф-16 (Ф-16), а првите испораки се планирани за оваа година, објави белгиското министерство. Најавата беше објавена само неколку часа пред посетата на Зеленски

Украинскиот претседател  бара да се зголеми воената помош од Западот за да ја продолжи својата офанзива.

Во првата фаза од помошта, белгиската армија ќе придонесе со обука на украински пилоти и техничари како да ги користат овие авиони. Зеленски во Мелсбрек ќе се сретне со дел од белгиските пилоти, инструктори и техничари специјализирани за Ф-16, соопштија од службата на белгискиот премиер.

Зеленски по посетата во Брисел, патува за Лисабон каде ќе се сретне со португалскиот премиер Луис Монтенегро и претседателот Марсело Ребело де Соуса.

Остануваат помалку од три недели до самитот за мир во Украина, кој треба да се одржи во Швајцарија. Зеленски го отфрли предлогот на Кина и Бразил да ја поканат Русија, велејќи дека Русија „ќе блокира сè“.