Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Свети Климент Охридски со секуларната дејност е светилник за ова време на пад на квалитетот во образованието

/

пред 684 дена

Сподели преку :

Во областа на образованието и воспитанието, наградата ја доби професорката од Филолошкиот факултет, Маја Бојаџиевска, а во областа на културата и уметноста беа наградени писателот Милован Стефановски, сликарот Мирослав Масин и актерот и професор на ФДУ, Рефет Абази. Тие се најдобриот гарант за заедничкото напредување на нашата држава и култура, кажа претседателот на Одборот за доделување на наградите, писателот Томислав Османли. Според него, секуларната дејност на Свети Климент е светилник за ова време, во кое со децении се соочуваме со падот на образовните квалитети.

„Време на лесно добиени титули и звања, на нови високообразовни установи во кои, за жал, заедно со оние традиционалните, научните звања и титули не ретко се добиваат набрзина, без подлабоки научни истражувања и оригинални креативности. А, неприфатливите, често агресивни однесувања на младите учесници во образовниот процес, се почесто го шокираат и го загрижуваат целото општество“, изјави Томислав Османли.

Потребна е заедничка одговорност во подигањето на општествениот статус на едукацијата, за да не ни бегаат децата во странство, кажа професорката Бојаџиевска, обраќајки се од име на добитниците на наградата. Таа побара жените да го добијат историски заслуженото место во општеството, а наградата „Свети Климент Охридски“ им ја посвети на сите, како што кажа, невидливи претходнички, зашто е единствената жена што ја доби во конечниот избор од осум добитници, за оваа и за наградата „11 Октомври“.

„Тоа се разбира, мора да се промени. Но, не само со најтешката од сите задачи, онаа што се вика промена на свест, туку со умни, активни, прогресивни политики. Базирани на силна убеденост, базирани на искреност, на градење целосно инклузивен систем на вредности. Од каде да се почне, од тука ќе се почне“, рече проф.д-р Маја Бојаџиевска, добитничка на наградата „Свети Климент Охридски“.

По повод државниот празник „Свети Климент Охридски“, на неговиот споменик пред НУБ што го носи неговото име, делегации од Собранието, Владата, од Генералштабот на АРМ, од МПЦ-ОА и претставници на институции, на дипломатскиот кор и на политички партии, положија цвеќе.

Сотир Трајков