Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот лидер Си Џинпинг се ракуваа и позираа за фотографирање пред разговорите во Пекинг. Посетата на Путин на Кина доаѓа помалку од една недела откако американскиот претседател Доналд Трамп го заврши своето патување во Пекинг.
Неговата дводневна посета ќе биде внимателно следена бидејќи Пекинг се стреми да одржува стабилни односи со САД, а воедно да ги зачува силните врски со Русија. Кремљ соопшти дека Путин и си планираат да разговараат за економската соработка меѓу двете земји, но и за „клучните меѓународни и регионални прашања“.
Посетата се совпаѓа со 25-годишнината од Кинеско-Рускиот договор за пријателство потпишан во 2001 година. Кина е клучен трговски партнер за Русија, особено по целосната инвазија на москва врз Украина во 2022 година.
Путин во видео обраќање објавено пред неговата посета рече дека билатералните врски се на „навистина невидено ниво“ и дека односот игра важна улога на глобално ниво.











