Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Светските лидери го осудија терористичкиот напад во Москва

/

пред 944 дена

Сподели преку :

Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен, на „Х“ напиша: Силно го осудувам терористичкиот напад врз цивили во салата „Крокус“ во Москва за кој одговорноста ја презема Исламската држава. Моите мисли се со жртвите и нивните семејства во овој трагичен период.

Виоскиот претсавник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел го осуди нападот во Москва велејќи дека тероризмот повторно целеше невини луѓе. Меѓународната заедница мора да остане цврсто обединета во борбата против тероризмот, напиша Борел на платформата „Х“.

Јасно го осудуваме нападот врз посетителите на концертот во Москва. Ништо не може да ги оправда такви грозоморни злосторства. Го изразувам нашето длабоко сочувство до жртвите и нивните семејства, напиша портпаролката на НАТО на платформата „Х“…

Кинескиот претседател Си Џинпинг испрати телеграма со сочувство до рускиот претседател Владимир Путин поради терористичкиот напад.

Кина се противи на сите форми на тероризам, остро го осудува терористичкиот напад и ги поддржува напорите на руските власти да ја заштитат националната безбедност, истакна кинескиот претседател во телеграмата.