Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СЗО: нема потреба од масовна вакцинација во Европа и Северна Америка против мајмунски сипаници

/

пред 1595 дена

Сподели преку :

Светската здравствена организација не верува дека појавата на мајмунски сипаници во Европа и Северна Америка бара масовни вакцини.

– Засега мерките како што се добра хигиена и безбедно сексуално однесување ќе помогнат да се контролира ширењето, рече Ричард Пибоди, кој го води тимот на СЗО за високи патогени закани во Европа.

Пибоди нагласи дека сегашните залихи на вакцини се релативно ограничени.

Примарните мерки за контрола на епидемијата се следење на контакт и изолација, рече тој.

Јавните здравствени власти во Европа и Северна Америка истражуваат над 100 сомнителни и потврдени случаи на мајмунски сипаници.