Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тајланд и Камбоџа се договорија за „моментно и безусловно примирје“, стапува на сила на полноќ

/

пред 447 дена

Сподели преку :

Тајланд и Камбоџа се согласија на „моментно и безусловно примирје“ по повеќедневните крвави борби на границата, е соопштено по мировнитѕе преговори со посредство на Малезија.

Малезискиот премиер Анвар Ибрахим изјави дека примирјето ќе стапи на сила вечерва на полноќ по локално време. Договорот меѓу двете страни го оцени како „клучен прв чекор кон деескалација и враќање на мирот и безбедноста“.

Повеќемесечните тензии меѓу Тајланд и Камбоџа прераснаа во вооружен судир со најмалку 33-ца загинати и илјадници раселени.

Преговорите дојдоа како последица на апелот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на конфликтот, истакнувајќи го тоа како предуслов за продолжување на трговските преговори со Вашингтон.

Спорот меѓу државите на југоистокот на Азија трае повеќе до 100 години. Корените датираат од времето кога се исцртани границите по француската колонизација на Камбоџа.