Претседателот на Аијанса на Албанците, Арбен Таравари се огласи на Фејсбук по неиспуканиот куршум што беше пронајден пред неговиот дом.
-Жал ми е за моето семејство, а особено за мајка ми која особено лошо ја доживеа оваа ситуација. Жал ми е за оние политичари кои покажуваат дека нивниот аргумент за премолчување на нечиј глас се куршуми, куршуми кои ме потсетуваат на Италија од 1992 година кога мафијата го уби познатиот судија Џовани Фалконе. За тоа ми е жал., но тука завршува моето жалење и почнува мојата радост, затоа што разбирам дека тие што ја држеа оваа земја во заложништво, се во очај од пораз, наведува лидерот на Алијанса во ФБ профил.
Вели дека не се плаши од ништо за политичките промени кои како што напиша доаѓаат.
-Кој и да го испукал тој куршум, му велам: ‘И да пукате тешка артилерија, промената започна и нема да запре’. Можете да ме убиете, а тоа би била голема загуба за моето семејство и жал ми е што и моите деца го читаат ова. Но, ти би убил само еден човек, што ќе правиш со илјадниците, стотици и милиони луѓе кои веќе се кренати на нозе? Не можеш да молчиш, да убиеш, да запреш народ. Ви благодарам на сите што ме поддржувате! Го правите моето срце планина! Промената ја започнавте со мене или без мене. Промената е готова!, напиша Таравари на ФБ профилот.











