Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Таравари и Гаши ќе одат на лидерска, Мицкоски и Касами сè уште тактизираат

/

пред 1430 дена

Сподели преку :

Таравари и Гаши ќе одат на лидерската средба закажана за понеделник, Касами и Мицкоски викендов ќе ја соопштат одлуката. Претходно за ова ќе одлучуваат партиските органи и во двете партии. За Алијанса за Албанците нема двоумење.

Прашан, дали тоа што секој ден посетува друг град, значи дека е веќе во предизборна кампања, Мицкоски потврди дека токму тоа му е целта:да предизвика предвремени избори. Доколку победи на нив, посакува коалиција со албанската опозиција.

Во меѓувреме, се погласни се шпекулациите дека предвремени избори ќе има и на нив владејачките партии ќе се обидат да коалицираат со сите партии на Албанците во Македонија, кои бараат бришење на процентот 20 отсто од Уставот за поддршка на уставните измени. За овие прашања ќе се разговара и во понеделник.

Поканата на Движењето БЕСА за средба на партиите на Албанците, на која би се разговарало за бришење на процентот, засега официјално ја одбиле само од ДУИ. Но, дознаваме дека и од Алтернатива не чувствуваат потреба од ваква средба затоа што, како што велат, сите партии веќе се изјасниле за оваа уставна промена. Присуство одбиваат и од ДПА, кои себе си се сметаат за иницијатори на оваа иницијатива.

Далиборка Демјанска Цветановска