Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Таравари: Имаме можност диверзитетот во нашата земја да го претвориме во уметност на соживот и хармонија

/

пред 977 дена

Сподели преку :

По предлог на Претседателството на Алијансата за Албанците и со поддршка на Европскиот сојуз за промени, денеска Арбен Таравари се претставувам како кандидат за претседател на државата.

„Мисија е да бидам вашиот глас. Кога дипломирав за доктор, ја положив Хипократовата заклетва, а за мене најважен дел од заклетвата беше кога кажав дека свечено се обврзувам дека мојот живот ќе го ставам во служба на хуманоста. Ова ветување ме следи во секоја година и ден од мојата работа и ова Ветување нека Биде мојот мотив во оваа трка! Имаме можност диверзитетот во нашата земја да го претвориме во уметност на соживот и хармонија“, рече Таравари.

„Навраќајќи се на мојата заклетва, кога ја добив титулата лекар, се обврзав дека во извршувањето на мојата професија нема да влијае религијата, националноста, расата, политиката или класната припадност. Сакам овие зборови добро да ги запаметите, бидејќи тие ја изразуваат суштината на моето ветување и за задачата која еден Претседател треба да ја има кон луѓето на неговата држава!“, рече тој.

Тој истакна дека е дојдено време државава да има претседател Албанец, не технички туку вистински.