Министерот за здраство Арбен Таравари вчера колабирал поради што бил под опсервација во болница. На својот Фејсбук профил напиша дека во моментов се чувствува добро и дека ги чека анализите од докторите.
„Вчера кружеше вест дека сум доживеал срцев удар. Бидејќи отсекогаш сум ја споделувал вистината со вас, ви кажувам што се случи. Доживеав ненадеен колапс и итно ме однесоа во болница. Сè уште сум под опсервација, бидејќи моите колеги се уште немаат донесено никакви заклучоци. Сепак, добро сум, со семејството и ќе ги чекаме одговорите на лекарите. Би сакал да ви кажам дека не очекував толку голема грижа и добрина од вас. Ви благодарам од се срце! Секогаш ваш!“, напиша Арбен Таравари на својот Фејсбук профил.











