Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Таравари: Менаџментот на болницата Козле да го следи примерот на Детската клиника и да преземе мерки за лекарските пропусти за третманот на 14-годишното бебе

/

пред 736 дена

Сподели преку :

Министерот за здравство Арбен Таравари очекува менаџментот на болницата Козле да постапи по примерот на Детската клиника и да преземе мерки за лекарските пропусти што ги утврди Стручната комисија при третманот на 14-месечното бебе кое почина од бронхопневмонија. Комисијата констатираше дека на Детската клиника е направен превид во проценката за хоспитализација на бебето, по што двјацата дежурни лекари се суспендирани додека трае дисциплинската постапка за нив.

Во болницата во Козле, според стручниот надзор, задоцнила кислородната поддршка, но таму сè уште нема одговорност за направените пропусти. Таравари посочи дека и до Лекарската комора ќе достави предлог мерки за санкционирање на сите оние кои погрешиле во овој случај.

„Добро е што Клиника за педијатрија презема одредени чекори, се надевам дека ќе се разбуди совеста и кај менаџментот во болницата во Козле. Наши препораки ќе има и до етичката комисија на Лекарската комора. Дека има одредени лекарски пропусти, има. Затоа добро е да дадеме сигнали до граѓаните да почнат да веруваат во системот“, изјави Аребн Таравари, министер за здравство.

Директорката на болницата „Козле“, Каролина Симоновска тврди дека кај нив нема пропусти во третманот на бебето, што го потврдил стручниот колегиум и специјално формирана комисија за да го испита случајот.

„Пациентот во нашата клиника е веднаш прифатен. Направени се бројни анализи, поставен на терапија според интерните протоколи на клиниката, постојано следен и под кислородна поддршка. Поради невообичаеното рапидно и прогресивно влошување на состојбата на детето, истото беше препратено на Клиниката за детски болести по претходен договор со дежурниот педијатар, со организиран транспорт на ИМП“, се наведува во соопштението од Каролина Симоновска, директорка, и стручниот колегиум на ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата, Козле.

Инаку, 14-месечното бебе беше однесено на Детската клиника на 3 октомври, но не беше примено, а потоа родителите го однеле во болницата Козле. По влошување на состојбата е префрлено на Детската клиника, каде почина на 5 октомври од бронхопневмонија.

Емилија Мисирлиевски