Во Клиничкиот центар во Штип се сместени вкупно 39 пациенти кои се згрижени и се во релативно добра состојба, доколку има потреба ќе се пренесат во една од болниците во Скопје.
Во Кочани се 30 пациенти, а по клиниките низ Скопје во хирушката клиника во Скопје се 31 лице, во градска хирургија се 28 пациенти, во 8-ми Септември се 24 пациенти.
Тој појасни дека се добиени понуди за лекување од неколку држави, а тимот на анестезиолози ќе одлучат каде ќе бидат транспортирани.
„Најверојатно ќе се лекуваат во Бугарија, Грција, Србија. Добивме повици од Албанија, Холандија“ истакна министерот Таравари.
Според официјалните бројки загинати се 59 млади лица, а стотина се повредени.











