Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Taравари: Од 193 пациенти 93 заминаа на домашно лекување

/

пред 561 дена

Сподели преку :

Од вкупно 193 повредени во пожарот во Кочани, 93 пациенти закрепнаа и заминаа на домашно лекување, а во болниците во странство и кај нас се лекуваат уште 100 пациенти. Министерот за здравство Арбен Таравари утрово соопшти  дека само тројца пациенти се во критична состојба.

Во Македонија се лекуваат 20 пациенти, од кои на Клинички центар петмина, во Стара градска седум пациенти, пет во ГОБ 8 Септември и тројца во приватните болници. Надвор од државата се лекуваат 80 пациенти, од кои денес двајца се враќаат во државата. Најавено е враќање на повеќе пациенти во текот на неделата.

Министерот додаде дека катастрофалниот настан во Кочани ги погодил сите, не само како институции туку и како луѓе.