На Клинички се 25 пацинети, сите се надвор од животна опасност, ГОБ има 24 хоспитализирани и се стабилни, во Штип има 23 и во Кочани 13, исто така во моментот стабилни, изјави попладнево министерот за здравство, Арбен Таравари.
„Дел се веќе пуштени на домашно лекување. Околу петмина се наоѓаат во приватните болници. Досега тројца се испратени во Солун, во Бугарија се хоспиталзиитрани 14 пацинети, во Белград еден, во Ниш 1 и во Истанбул 3, уште неколку се на пат. Вкупно 47 од повредените во пожарот ќе се лекуваат во странство“, рече Таравари.











