Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Taтко барал пари од поранешниот партнер на неговата ќерка за кирија за времето кога живееле сите заедно

/

пред 255 дена

Сподели преку :

Уапсен е 57 годишник од Идризово поради сомнеж дека сакал да изнуди пари од поранешниот партнер на негова ќерка. Воедно тој тврдел дека поранешниот парнер му должел пари на него и неговата ќерка за времето кога живееле под кирија, а исто така и дека требал да врати пари за поправка на автомобил.

„На 21 јануари 2026 година околу 20:00 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.С. (57) од село Идризово, скопско, поради сомнение за сторено кривично дело – изнуда“, стои во соопштението на МВР.

По пријавувањето на настанот и по известување на надлежен јавен обвинител, бил земен записник за примање пријава за кривично дело „изнуда“ по член 258 од Кривичниот законик. Се работи на расчистување на случајот.