Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Татко го држи сопственото дете како заложник – драма на аеродромот во Хамбург

/

пред 1064 дена

Сподели преку :

Аеродромот во Хамбург е блокиран за сообраќај, откако вооружен маж наводно киднапирал дете и со возило ја пробил бариерата до пистата. Портпаролот нја полицијата соопшти дека се ангажирани психолози кои разговараат со киднаперот.

„Синоќа околу 20 часот напаѓачот со својот автомобил минал низ влезот на аеродромот и стигнал до пистата. Тој притоа испукал два куршума во воздух и фрлил две запалени шишиња“, соопшти полицијата.

Според полициски извори, се верува дека инцидентот е последица на „спор околу старателство врз детето“, бидејќи сопругата на напаѓачот ја известила полицијата за киднапирањето.

Поради инцидентот, 17 авиони кои вчера требаше да слетаат во Хамбург, биле пренасочени кон други аеродроми.