Претседателот на САД, Доналд Трамп порача дека Иран никогаш не смее да поседува нуклеарно оружје и повика на итна евакуација од Техеран.
„Иран требаше да го потпише договорот што го понудив. Каква штета и губење на човечки животи. Едноставно речено, Иран не смее да поседува нуклеарно оружје. Тоа секогаш го повторував. Сите треба веднаш да го евакуираат Техеран“, напиша Трамп на платформата „Вистина“.











