Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тексас ќе продолжи да ја гради бариерата на границата со Мексико

/

пред 970 дена

Сподели преку :

Гувернерот на американската сојузна држава Тексас, Грег Абот соопшти дека националната гарда продолжува со изградба на бариерата на границата меѓу САД и Мексико.

„Сојузниот закон на администрацијата на претседателот Бајден го бара ова, но таа не го прави тоа. Затоа Тексас ќе гради бариера“, напиша Абот на социјалната мрежа „Икс“.

Во последните неколку месеци, голем број илегални мигранти се обидоа да влезат на американска територија поради што се случи спор меѓу властите на Тексас и федералните служби во Вашингтон.

На крајот на јануари, Врховниот суд одлучи да им дозволи на агентите на американската гранична патрола да ја отстранат жичената бариера којашто ја поставија функционерите на Тексас долж границата со Мексико.

Според последните анкети, мнозинството Американци се „за“ изградба на ѕидот.