Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Текстилниот сектор во слободен пад: Фабрики се затвораат, вработените се намалуваат

/

пред 185 дена

Сподели преку :

Текстилниот сектор е во слободен пад подолг временски период, само минатиот месец се затвориле три штипски конфекции, а кочански „Артекс“ изминатата недела  ги има информирано околу 100 работници дека фабриката ќе се затвори, по што вчера им дале и спогодбени отказни решенија. Но, работниците не ги потпишаа по консултациите со трудовите инспектори. Ангел Димитров од Организација на работодавачи вели  статистичките податоци покажуваат дека во 2025 година падот на бројот на вработени во проиизводство на облека е 8,9%. И според него има три причини.

Едната причина е кризата во Европа и падот на побарувачката на текстилни производи, како еден вид на луксузни производи. Втората е губење на конкурентската способност со порастот на платите кај нас, ние станавме скапи за таков вид на дејност и затоа партнерите отидоа во Бангладеж, Индонезија, во Тунис итн. Третата причина е што имаме многу јак денар, фактички курсот за денарот не одговара за извоз, бидејќи нашите компании добиваат многу малку денари, во однос да речеме колку би требало да биде реалниот курс, вели Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи.

Неговите проценки се песемистички и очекува за пет години бројот на вработени во текстилниот сектор да биде од 5.000 до 6.000 вработени. Оваа гранка згаснува контиунирано во измината деценија, а оние кои ќе останат да работат ќе шијат само мали серии, ситни налози, заради близината на европскиот пазар.

Ние во најдобрите времиња бевме во 2010-2011 година бевме 63.000 луѓе. Во овој момент во 2024 година бевме 17.500, сега со овој пад некаде околу 15-16.000 илјади луѓе. Значи не верувам дека тоа многу долго ќе оди, можеби за пет години ќе паднеме на 5.000 луѓе. Тоа е пат кој што не можеме да го избегнеме, додава Димитров.

Нема веќе конфекции кои вработуваат од 600 до 800 работници, туку бројката е намалена на 200.  Според Димитров помалку паѓа производството на работна облека, но како што вели оние фабрики што работат за модно производство тоа целосно ќе замре.

Викторија Јованова