Во Тел Авив се огласија сирени за воздушна опасност, а на мета на Хамас се најде и аеродромот „Бен Гурион“.
Портпаролот на „Ал Касам“, бригада на Хамас, Абу Убаида изјави дека нападот е одговор на израелското убивање на цивили. Портпаролот на аеродромот, пак, негира дека објектот е гранатиран.
Тој истовремено даде рок на жителите на Ашкелон да го напуштат градот до 17 часот по локално време.











