Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Телма дознава: Осигурителните компании имаат рок до утре да ги вратат старите цени на полисите

/

пред 902 дена

Сподели преку :

На осигурителните компании на денешниот состанок во финансии ќе им се даде рок до утре да ги вратат старите цени, а ако тоа не го сторат на утрешната владина седница ќе биде доставен предлог за промена на тарифникот со кој дирекно ќе се влијане на враќањето на старите суми за овие полиси, неофицијално дознава Телма.

Состанокот во Министерството почна во 13 часот, присутни се претставници од Националното биро, од финансии и од Агенцијата за супервизија на осигурениците.

На поскапувањето на полисите реагираа од АСО со образложение дека зголемувањето не е оправдано.

Од Националното биро пак соопштија дека цената се зголемува за 15 проценти затоа што со години не е променета а трошоците во овој бизнис се зголемени.