Недозволено наплаќање за посета на природниот локалитет Камени кукли во кратовското село Куклица или само наплаќање паркинг на приватен имот брз фискална сметка. Општина Кратово и Здружението на граѓани Извор со години се натегаат кој треба да управува со локалитетот до кој се стигна по пат кој поминува низ приватно земјиште. Проблемот тлее со децении, но пошироката јавност дозна кога се појави видео снимка која предизвика лавина реакции.











