Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Телма сторија: Сексуалната злоупотреба врз малолетници во пораст

/

пред 140 дена

Сподели преку :

Секој трет ден во Северна Македонија е силувано по едно дете. До овој запрепастувачки податок се доаѓа според податоците од институциите пресметано за период од пет години. Од 2020 до 2024 година сексуално се злоупотребени вкупно 508 деца. Но ова не се само бројки, зад секој од тие случаи стои дете кое поминало низ сериозна траума, за жал, низ систем кој најчесто не успева да го заштити. Ова е сторија посветена на сите деца жртви на сексуални предатори.

Најголемната должност на едно општество е да ги сочува детските души од болка која никогаш не би смееле да ја запознаат, а кога ќе потвфрли барем никогаш да не ги остави сами во тишината.

Последните случувања со зголемен број на деца жртви на сексуално насилство го отвори прашањето, дали општеството ја научило оваа лекција. Насловите по медиумите поврзани со злоупотреби на деца особено во последниве неколку месеци се алармантни. Она што особено загрижува е дека дури и училиштата станаа простор за злоупотреба на ученици, а сексуалните предатори се просветни работници.

Случај во Средно уметничко училиште Лазар Личеноски – Скопје

Случајот во средното уметничко училиште Лазар Личеноски беше откриен на почетокот на март годинава. Ученички пријави 52 годишен професор дека барал да имаат полови односи, по што судот му го одзеде пасошот, а беше суспендиран и од работното место.

За случајот обвинителстовто поднесе обвинение против професорот. Го товари за Полово вознемирување. На 25 февруари како професор имал непристојна понуда за сексуален однос кон ученичка. Ако биде осуден се соочува или со парична или со затворска казна до 1 година, а обвинителот предложи и да му се забрани професорска дејност.

Телма дознава дека меѓу другите докази постои и аудио материјал кој девојчето усепало да го сними за да ги докаже намерите на професорот.

Но ова не е единствениот случај во образовна институција кој беше јавно објавен во овие неколку месеци. Последниот е од пред неколку денови и беше откриен во Штип. Штипското обвинителство отвори истрага за пензиониран наставник кој држел часови во образовен центар за помош во совладување на наставни програми од различни предмети. За него е одреден и притвор.

Последователно, од септември 2023 година до мај 2026 година, осомничениот користел прилика во која на девојчињата на возраст од 10, 11 и 13 години им држел дополнителни часови во образовен центар и им се приближувал и ги допирал по телото, велат од ОЈО Штип.

Од обвинителството за сега не откриваат детали за истрагата која се води и против 28 годишен наставник од Гостивар. Тој е во притвор бидејќи силувал малолетничка, ја снимал и ја уценувал за повторна средба. Откако не се согласила, ги објавил видеата на социјални медиуми. Затворската казна со која се соочува е од 3 до 10 години. Според информациите на Телма, девојчето не била негова ученичка ниту пак ученичка во училиштето каде тој предава.

Јавноста беше вознемирена и откако дозна дека во Битола, училишен психолог е дел од меѓународна педофилска мрежа која се занимава со ширење на порнографски материјали на интернет.

Австралиската федерална полиција која пред извесен период спровела акција за откривање на веб-страници одговорни за дистрибуција на слики и видеа кои содржат материјали од злоупотреба на деца а дел од ИП адресите воделе до Македонија.

Минатата недела народниот правобранител објави запрепастувачки податоци за деца – жртви на сексуално насилство. Но јавноста беше сведок и на повеќе објавени случаи на силување на деца кои го кренаа алармот и кај институциите.

Според податоците од истражувањето на народниот правобранител од 2020 до 2024 година, 508 деца биле жртви на сексуално насилство или на секои 3 денови е силувано по едно дете. Повеќе од половина од жртвите се адолесценти, ( 57% од жртвите се на возраст од 11 до 15 години – 153 деца на возраст 11–13 години и 139 деца на возраст 14–15 години). Има регистрирано и случаи и под 10 години, а најмалата жртва е на возраст од 3 години. Најголем дел се девојчиња, но има и момчиња. (455 од евидентираните жртви (89,6%) се девојчиња, а 53 (10,4%) се момчиња). Според Народниот правобранител загрижува високата застапеност на ромските деца со 28 проценти од сите силувани. Ова се поврзува со сиромаштијата, социјална исклученост и ограничен пристап до заштита од институции, што имаат влијание врз оваа состојба. (По етничката припадност, најголем број од жртвите се: Македонци – 245, Роми – 145,  Албанци –  55.)

Истражувањето покажало дека центрите за социјална заштита имаат само психолог и социјален работник кои постапуваат по потреба со децата жртви. За сместување најчесто се упатуваат, згрижувачки семејства, мали групни домови, во здружение на гражани „Отворена Порта “ Скопје или кај блиски роднини. Само три здравствени установи работат со жртвите, а се случува во судска постапка детето да дава изјави и по неколку пати за тоа што му се случувало. Ниту едно дете не добило паричен надомест за траумите што ги преживеало.

Во кривичните дела со кои се казнува сексуална злоупотреба на деца спаѓаат повеќе членови во кривичниот законик а казните може да се движат и до доживотен затвор. Во земјава одамна се воведе идејата за воведување на хемиска кастрација, но само доброволна, но никогаш и ниту една власт не ја воведе како казна.

Единствено во 2012 година беше креиран регистар на педофили каде јавно може да се видат сторителите на такви кривични дела, но тој не се ажурира редовно.

Телма беше во обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција каде се наоѓа една од специјалните соби каде се врши сослушувањето на деца жртва на сексуално насилство. Поради тоа што е посебно чувствително и може да биде двојно виктимизирано детето може да биде испитувано само два пати.

Додека се дава исказот прашањата на обвинителот всушност ги поставува социјален работник обучен за ова. Целиот разговор се снима со видео и тонски запис а во дел од собите социјалниот работник има директна комуникација со обвинителот доколку се потребни дополнителни прашања за грозоморниот настан. Собата за сослушување на деца намерно не наликува на канцеларија или службена просторија. Средината се прилагодува во зависност од возраста на детето, со цел да се намали стравот и да се создаде чувство на нормалност. Жртвата во оваа соба може да се игра, да црта, да се одмори, да чита

Оваа соба е линковски поврзана со просторија што се наоѓа на првиот кат од зградата каде за време на распитот се сместени осомничениот и неговиот бранител. На овој начин жртвата и сторителот немаат можност да се сретнат. И тие го следат исказот на жртвата и по електронски пат можат да поставуваат прашања.

Моделот за собата е преземен од Словенечкиот за Сигурна куќа кој пак е модел за заштита на деца што се жртви или сведоци на насилство, особено сексуално. Беше пуштена во јули лани, а до денес организиран криминал ја користел за  пет различни случаи за сослушување на деца жртви. Од таму велат дека оваа соба можат да ја користат доколку е потребно и другите обвинителства кога имаат потреба да сослушуваат деца жртви.

Билјана Николовска