Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Телма во Белград: Опозицијата на масовни протести, бараат поништување на гласањето, РИК не им ги признава приговорите

/

пред 1035 дена

Сподели преку :

На вечерашните протести во Белград предводени од опозициската колацијата „Србија против насилството“ се собраа голем број луѓе. Одбиваат да ги признаат резултатите од изборите во Белград, каде опозицијата предаде докази во РИК за украдени гласови, фалсификувани избори, но и „бугарски воз“ организиран од Република Српска, за кој тврдат дека се донесени 40.000 луѓе.

РИК одбива да им ги прифати приговорите, под изговор дека не е надлежна. Но, луѓето на чело со опозициските пратениц, одбиваат да се повлечат. Двајца од опозициските пратеници не излегуваат од објектот на изборната комисија, каде изјавија дека почнуваат штрајк со глад.

Претседателот Вучиќ имаше обраќање на националниот сервис РТС, од каде порача дека луѓето за кои опозицијата  тврди дека биле дел од бугарски воз се всушност луѓесо двојни државјанства и дека станува збор за „минорен број на луѓе“.

Изборниот процес, и протестите вечерва ги следи Марија Дивитарова