Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Teлма во Гостивар) – Ниска излезеност на изборите за градоначалници во четирите општини во Западна Македонија

/

пред 265 дена

Сподели преку :

Изборниот ден во четирите општини во Западна Македонија поминува мирно, без инциденти но и со мала излезеност на гласачите.

Во општина Гостивар, до 17 часот гласале околу 25 проценти од граѓаните со право на глас; во Општина Врапчиште до 17 часот и 30 минути гласале околу 30 проценти од граѓаните; во општина  Маврово и Ростуше 25,93 проценти до 17 часот и 30 минути а до истиот временски период  во Центар Жупа на избирачките места излегле околу 12 проценти од граѓаните со право на глас.

Најголем проблем од утрово за општинските избирачки одбори се врнежите од снег на повисоките планински населени места.

Во вестите на Телма во 18.30 минути за текот на изборниот ден известува Ирена Чачкова.