Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тему и Шеин најавуваат поскапувања поради царините на Трамп

/

пред 550 дена

Сподели преку :

Кинеските онлајн продавници „Temu“ и „Shein“, познати по ниските цени, најавија дека од следната недела ќе ги зголемат цените на своите производи поради новите трговски давачки кои ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп.

Овие мерки значително ги зголемиле оперативните трошоци на компаниите.

Во известувањата до своите корисници, и двете компании посочуваат дека цените ќе бидат зголемени од 25 април, и ги охрабруваат потрошувачите да купуваат „по денешни цени“ додека тоа е можно.

Овие две кинески компании кои онлајн продаваат „од игла до локомотива“, доживеаја голем раст во САД, делумно благодарение на изземањето на плаќање царина на пакети поевтини од 800 долари.

Но, со новата извршна наредба на Трамп, оваа правна дупка се затвора. Од 2 мај, ваквите пакети од Кина и Хонг Конг ќе бидат подложни на царинење, што дополнително ќе го отежне работењето на овие две компании на американскиот пазар.