Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тепаното тримесечно бебе е згрижено во Центарот за социјални работи во Тетово, полицијата трага по мајката

/

пред 115 дена

Сподели преку :

СВР Тетово информира дека вчера во 17 часот било пријавено дека околу 14:15 часот на улицата „Маршал Тито“ жена го тепала своето малолетно дете.

Според пријавата, случајни минувачи реагирале и застанале да го заштитат детето, а жената заминала со количка со другото дете.

За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Тетово, а надлежните институции преземаат мерки за пронаоѓање на жената, утврдување на нејзиниот идентитет и целосно расчистување на настанот.

Детето, по укажаната лекарска помош, било предадено на грижата на Центарот за социјални работи Тетово.