Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тешка сообраќајна несреќа во Србија: Загина поранешниот фудбалер и тренер на Партизан, Миодраг Јешиќ

/

пред 1406 дена

Сподели преку :

Поранешниот фудбалер и тренер на белградски Партизан, Миодраг Јешиќ загина претпладнево во сообраќајна несреќа што се случи меѓу Рума и Јарак во Србија.

Фудбалската кариера ја започна во Жарково, а потоа се придружи на белградските „црно-бели“ меѓу кои остана пет години по што направи трансфер ангажман во Турција.

Кам-бекот во Партизан траеше една сезона и по уште две дополнителни во Турција, ја заврши играчката кариера.

Тренерската, пак, ја почна во нишки Раднички, а ги предводеше и ОФК Белград, Партизан, Сараево, Сфаксиен, Алтај, Славија Софија, Ал Араби, Јангон јунајтед. Беше и на клупата на Бордо во 16 натпревари во кои имаше скор од девет победи, два нерешени исхода и пет порази.