Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тешко достапна здравствена заштита, недостасува и рана дијагностика- Родителите на децата со аутизам бараат поголема поддршка од државата

/

пред 687 дена

Сподели преку :

Големи  се проблемите и бариерите со кои се соочуваат родителите на децата со попречености во Македонија, а уште поголеми се  на оние кои живеата во внатрешноста. Здравствените услуги им се тешко достапни, раната дијагностика речиси и да ја нема. Родителите лутаат од една до друга здравствена установа, од еден до друг лекар и  часови минуваат во чекалните на амбулантите со своите деца со попреченост.

  • Во амбулантата за детска неврологија да одите ќе видите дека таму има 200 деца за преглед во еден ден. Замислете ние што сме од другите градови, Битола, Прилеп, Охрид , кои минуваме 180 километри и чекаме со децата со посебни потреби за преглед од 6 наутро до 18 попладне, вели Билјана Стефановска, мајка на дете со церебрална парализа.

Градинките не се подготвени за процесот на инклузија на деца со попреченост, па еден од родителите мора да остане дома за  да го чува своето дете. Но, што е уште поголем проблем, тоа дете без соодветна подготовка седнува во училишните клупи.

  • Инклузијата не се спроведува на соодветен начин. Моето дете има 4 години, но во градинките нема инклузија, тоа е системски проблем кој треба да се реши, вели Елена Јовановска Талевски, мајка на дете со аутизам.

Лекарите велат дека аутистичниот спектар на нарушување е огромен здравствен, социјално- медицински и образовен проблем, а светските статистики  се загрижувачки, преваленцата драстично се зголемува, а аутизмот се дијагностицира кај 1 од 36 деца.  Во наши услови пак, на родителите им е потребна голема поддршка

  • Треба на родителите да им се дава психо-социјална поддршка за да можат да се справат со секојдневните проблеми како дома, така на училиште и во здравствениот систем, бидејќи Македонија назадува во следење на светските трендови во смисла на здравствена заштита и вистинско инклузивно образование вели проф.д-р Владимир Трајковски, претседател на Македонското научно здружение за аутизам.

Во Битола  се одржа панел дискусија на која учествуваат родители на деца со попреченост, експерти, здравствени работници,  кој разговараа за предизвиците со кои се соочуваат овие семејства.

Емилија Мисирлиевски