Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тешко повреден малолетен пешак – сообраќајна несреќа во Кавадарци

/

пред 505 дена

Сподели преку :

Малолетник се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што синоќа се случила во Кавадарци, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

„Синоќа во 19:55 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на улица „Ленинова“ во градот се случила сообраќајна несреќа. Притоа, пешак малолетник, кој во моментот на несреќата туркал тротинет, се удрил во патничко возило „волксваген тигуан“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ј.Н., на возраст од 19 години од Кавадарци“, појаснија од СВР Велес.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница – Кавадарци. Известен бил јавен обвинител. Увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Кавадарци.