Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Teсна битка во Куманово и Струга според првичните изброени гласови

/

пред 349 дена

Сподели преку :

Државната изборна комисија соопшти дека по 75% од преброените гласови во Град Скопје, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, води со 71.185 гласови, додека неговиот противкандидат од Левица, Амар Меџиновиќ, има 41.522 гласови.

Во Куманово се води тесна трка – актуелниот градоначалник Максим Димитриевски има 50,5%, а веднаш зад него е независниот кандидат Горан Стојковски Диро со 45% од гласовите.

Во Општина Центар, кандидатот на СДСМ Горан Герасимовски е во водство пред Лабудовиќ од движењето ЗНАМ, додека во Карпош Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ води пред Стевче Јакимовски од ГРОМ.

Мртва трка се води во Струга, каде независниот кандидат Менди Ќура има предност од само 60 гласа пред Далипи од коалицијата Алијанса/НАИ. Во Кичево, по 56% преброени гласачки ливчиња, Јовановски има предност од околу 2.000 гласови пред Фатмир Дехари од ДУИ.

Според податоците на ДИК, до 18:30 часот на гласање излегле 40,45% од запишаните избирачи. Најголема излезност е регистрирана во Росоман (77,51%), Лозово (75,6%), Дојран (72,78%) и Демир Капија (72,64%). За Град Скопје излезноста е 33,82%, додека најмала е во Сарај (11,45%) и Чаир (13,71%).

Од партиите пристигнаа првични реакции. Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека „очекуваат голема победа“, додека Адеми од ДУИ порача дека „секое мешање во гласањето е мешање во иднината на државата“. Од партијата ВРЕДИ порачаа дека „добиле широка поддршка“ и очекуваат „резултатите да го потврдат тоа“.

Според ВМРО-ДПМНЕ, досегашното пребројување на гласовите за градоначалник на Град Скопје покажува однос 2:1 во корист на Орце Ѓорѓиевски.